
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младински културен центар – Битола, во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), го организираа младинскиот настан „Младинско собрание за праведна транзиција“, кој се одржа денеска во просториите на Студентскиот информативен центар (СИЦ) при УКЛО.
Настанот собра студенти од повеќе единици на УКЛО со цел преку едукација, дискусија и интерактивна работа да ги дефинираат младинските приоритети за праведната енергетска транзиција во Пелагонискиот регион.
На настанот имаше излагања од истакнати професори на УКЛО и претставници на Општина Битола и студентското собрание, кои говореа за одржливиот развој, потребата од праведна транзиција, улогата на локалната самоуправа, зелените работни места на иднината, како и можностите за младински стартап иницијативи.
Во склоп на настанот, учесниците работеа во групи според области на интерес, со цел формулирање на заклучоци и препораки кои ќе се вклучат во идниот план за праведна транзиција.
Заклучоците од Младинското собрание се следните:
Овие предлози и препораки ќе бидат основа за изработка на нацрт-концепт за територијален план за праведна транзиција, кој ќе содржи и конкретни решенија за енергетскиот сектор, стратегии за поддршка на младите, како и препораки за политики на локално и национално ниво.
Целта на оваа иницијатива е подигнување на свеста и ангажманот на младите во процесот на енергетска транзиција, вклучувајќи ги активно во креирањето на политики и решенија кои се од интерес за локалната заедница.
Настанот претставува уште еден пример за успешна соработка помеѓу граѓанскиот сектор, академската заедница и младите, во насока на изградба на поодржлива и поправедна иднина за регионот. Настанот претставува значаен чекор во насока на активно младинско учество во процесите на донесување одлуки и поставување темели за одржлив развој и социјално праведна транзиција на Пелагонискиот регион.