2win800x200

УПИСИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Мај 15, 2025
фото РСЕ фото РСЕ
За уписи во средните училишта во општина Битола за учебната 2025/2026 година, предвидени се два уписни рокови:
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
* Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
Битолските средни училишта ги нудат следните образовни профили:
- СОТУ „ Ѓорѓи Наумов “
- Машинска струка – четиригодишно образование
• Техничар за компјутерско управување
• Машински техничар/Машинско енергетски техничар
• Машински техничар за моторни возила
- Машинска струка – тригодишно образование
• Заварувач/бравар-браварка
- Електротехничка струка – четиригодишно образование
• Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
• Електротехничар за електроника и телекомуникации
• Електротехничар енергетичар
• Техничар за индустриска мехатроника
- СОУ „ Таки Даскало “
- Гимназиско образование
• Природно-математичко подрачје
• Општествено-хуманистичко подрачје
• Јазично – уметничко подрачје
- Графичка струка/сектор графичарство
• Графички уредник-дизајнер
• Графички техничар
• Печатар
- Сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање
• Техничар за патен сообраќај
• Техничар за транспорт и шпедиција
- Текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи
• Техничар за дизајн на облека/Техничар за изработка на облека
- Геолошко-рударска и металуршка струка/сектор геологија, рударство и металургија
• Геолошко рударски-техничар
- Градежно-геодетска струка/сектор градежништво и геодезија
• Архитектонски техничар/Градежен техничар
- Угостителско-туристичка струка/сектор угостителство и туризам
• Хотелско – туристички техничар
- Струка/Сектор лични услуги
• Техничар за козметичка нега и убавина
- СОЕУ „ Јане Сандански “
- Сектор Економија, право и трговија
• Економски техничар
• Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг
- СОЗУ „ Кузман Шапкарев “
- Сектор Земјоделство, рибарство и ветеринарство
• Агротехничар за традиционално и органско производство/техничар за ветеринарна медицина
- СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито “
- Гимназиско образование
• Природно – математичко подрачје ПМА
• Природно – математичко подрачје ПМБ
• Општествено – хуманистичко подрачје ОХА
• Општествено – хуманистичко подрачје ОХБ
• Јазично – уметничко подрачје ЈУА
• Јазично – уметничко подрачје ЈУБ
- СОМУ „ Д-р. Јован Калаузи “
- Сектор Здравство и социјална заштита
• Медицинска сестра
• Фармацевтски техничар
• Физиотерапевтски техничар
• Гинеколошко – акушерска сестра
• Забен техничар
- Лични и други услуги
• Техничар за очна оптика
- Државно музичко училиште
● Музичар изведувач
● Музичар теоретичар
● Традициски играч-пејач
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани