
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тројца протестанти против депонија во Пелагонија се вклучуваат во заедничка општинска комисија за подготовка на предлог актите за меѓуопштинска соработка за формирање на регионална депонија, за да имаат директно увид во се што ќе се случува со реализацијата на овој проект.
Во заедничката комисија, тројцата граѓани ќе учествуваат заедно со двајца административни работници од Општина Битола.
Овој предлог беше ставен на дневен ред и едногласно усвоен од Советот, а во комисијата влегоа демонстрантите Весна Кочанковска, Зоран Лазаровски-Паљо и Никола Танчевски. Советниците за овој предлог беа едногласни.
Вклучувањето на протестантите во комисијата беше предлог на советникот Петар Николовски од СДСМ.
„Предлагам решение за дополнување на Решението број 09-20/24 од 28.2.2025 година за именување членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка со тројца членови од Иницијативниот одбор против депонија во Пелагонија. Во овој момент сите ние како битолчани се соочуваме со еден горчлив проблем, со една еколошка бомба во непосредна близина на Битола. Ѓубриштето Мегленци што секојдневно не труе. Но, од друга страна бевме соочени со предизвикот дека мора да најдеме решение каде битолчани ќе го одлагаат отпадот затоа донесовме одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка со цел изнаоѓање на едно вакво решение“, рече Николовски, координатор на советничката група.
На последната седница на Советот на Општина Битола беше кажано дека до Советот стигало и барање од Координативното тело „Против депонија во Пелагонија“ за отповикување на одлуките за формирање на регионална депонија во Мегленци.
„Имаме како Совет барање за отповикување на одлука за формирање на регионална депонија во Мегленци. Барањето го поднесува Координативното тело кое ги види протестите наречени ‘Стоп за депонија во Пелагонија. Истите бараат отповикување на сите одлуки поврзани со изградбата на регионална депонија во атарот на село Мегленци, Општина Новаци“, беше кажано на седницата. Гласањето беше негативно за протестантите.
Барањето се однесуваше на отповикување на одлука од 13 март 2018, отповикување на две одлука од 28 февруари 2025 година, отповикување на решение исто така од 28 февруари година.
A.Блажевска