Христијан Захарчев како прво пласиран на Македонската економска олимпијада 2025 се пласира и ќе ја претставува Македонија на Осмата Меѓународна Економска Олимпијада, во
Баку Азербејџан, во периодот од 20 – 29.07.2025 година.
По првичната селекција, на 29.04.2025 се одржа МЕО 25, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Христијан Захарчев беше прво пласиран со најмногу поени и освои златен медал. Согласно правилникот за МЕО, а заради зголемена мотивација на учениците, на дополнителна селекција беа повикани учесниците со над 50% остварување на МЕО 25. Согласно вкупните пондерирани резултати, во кои се даде различна важност на поединечните делови на олимпијадата заради различната тежина, се одреди и тимот за ИЕО 25, каде нашиот Христијан Захарчев беше повторно прв.
1. Христијан Захарчев, IV година, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола
2. Теа Ангелова, I година, НОВА Меѓународно училиште, Скопје
3. Сара Тошевска, IV година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје
4. Леонид Цуклев, III година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје
5. Миша Веселински, IV година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
-Честитки за Христијан и неговиот ментор Наташа Петровска и му посакуваме достојно да ја претстави Македонија и нашето училиште на ИЕО 25 во Баку, Азербејџан!, објави Техничкото училиште во Битола.