Средношколецот Христијан Захарчев, ученик во Техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола освои бронзен медал на Меѓународна економска олимпијада во Баку, Азербејџан.
Во
периодот од 20 до 29 јули 2025 година, се одржа 8. Меѓународна економска олимпијада во Баку, Азербејџан. Македонскиот тим освои два бронзени медала на ова престижно меѓународно натпреварување!
Македонскиот тим го сочинуваа:
• Христијан Захарчев од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола
• Миша Веселински од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
• Теа Ангелова од „Меѓународно училиште НОВА“, Скопје
• Сара Тошевска од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје
Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска Барандовска и ас. м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математички факултет – Скопје.
Бронзени медалисти на ова натпреварување се:
- Христијан Захарчев
-Миша Веселински
Исто така, со одличен настап ја претставија Македонија:
Сара Тошевска
Теа Ангелова
Натпреварувањето се состоеше од три дела:
• Економија – прашања со повеќе одговори и отворени прашања
• Финансиска писменост
• Изработка на бизнис план
Во конкуренција од 51 земја и над 250 натпреварувачи од целиот свет, нашите претставници постигнаа извонредни резултати!, објавија од Сојузот на математичари