2win800x200

Булеварскиот влез во Битола се асфалтира, наскоро се очекува нов сообраќаен режим

Јули 30, 2025
На улицата „8 ми Септември“ се изведува асфалтирањето со втор слој асфалт, во должина од околу 800 метри, од левата коловозна лента.
 
-Со завршувањето на комплетниот слој од асфалтирањето на оваа делница, во наредните денови се очекува нов времен режим. Сообраќајот ќе биде пренасочен на новоизградената сообраќајна лента, со цел градежните активности да продолжат од десната страна на коловозот.
Во меѓувреме, покрај асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп, заврши поврзувањето на новата водоводна линија ф450 со постоечката, соопштија од Општина Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и дел од општинската администрација задолжена за реализацијата на проектот, извршија увид во завршната фаза од асфалтирањето на терен.
May be an image of 3 people and road
May be an image of 3 people
May be an image of 5 people, street and text
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани