
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира - На 15.05.2025 во 18.00 часот на локален пат од с.Слепче кон манастир Св.Јован Претеча, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.Б.(35) и И.Ч.(39), двајцата од Република Бугарија. При преглед на патничко возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, во кое биле двајцата, Н.Б. на земја фрлил пакување во кое имало марихуана и бела грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.