АСФАЛТИРАЊЕ НА ПЕТ КРАЦИ НА УЛИЦА „БУКОВСКИ МОСТ“
Денес започна асфалтирањето на коловозот на улици „Буковски Мост“, согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот ЈоскаТранс -Трејд ДООЕЛ.
Согласно проектната документација, вкупната должина на краците изнесува 269,6 метри.
За сите краци предвидено е да се изврши нивелирање на капаците на постоечките шахти и сливници, согласно висинските коти од овој проект, преку кои ќе се врши одводнувањето на атмосферските води на улицата.
Вкупната вредност на договорот за реализација на овој проект изнесува 3.246.919,00 денари.