Болницата Плодност од Битола објави
Со особена чест ја споделуваме веста дека основачот на Болница Плодност, прим. д-р Таше Трпчевски доби највисоко признание, Плакета од Општина Алексинац, Србија, за придонес во зголемувањето на наталитетот и подобрување на здравството во регионот.
Комисијата за доделување јавни признанија едногласно му ја додели плакетата за заслуга на нашиот основач и директор заедно со признанија за неколку останати истакнати институции и поединци кои даваат придонес во развојот на општината.
Во последните години забележуваме значителен пораст на пациенти кои ни доаѓаат, по препорака, од Алексинац и пошироко од Србија, благодарение на резултатите што ги постигнуваме во областа на репродуктивната медицина и 3D лапароскопската хирургија.
Со нашите ИВФ програми, досега сме помогнале на повеќе од 300 српски семејства да го остварат својот сон за потомство.
Ова признание уште еднаш потврдува дека мисијата на Болница Плодност надминува национални граници. Гордоста е голема, но обврската е уште поголема да продолжиме со посветеност, иновации и грижа кон секој пациент.
Голема благодарност во името на прим. д-р Таше Трпчевски и целиот тим на Болница Плодност