2win800x200

СН Осигурителен Брокер оди во стечаj

Мај 25, 2025

СН Осигурителен Брокер оди во стечај. Основниот суд во Битола, по рочиштето за испитување на условите, ги усвои предлозите на четворицата доверители, споени во еден, за отоврање стечајна постапка. За стечаен управник е определен Стечај Плус ТП Битола, а Даниела Блажевска, од времен е назначена за овластен стечаен управник. Отворањето на стечајната постапка е запишано во трговскиот регистер кој се води во Централниот регистар.

Воедно, се повикуваат доверителите да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник. Рокот е 15 дена по објавувањето на решението во Службен весник. Исто така, тоа треба да го сторат и доверителите кои имаат разлачни права на подвижни предмети и права на должникот, како и тие кои имаат разлачни права на недвижности што не се запишани во јавните книги.

А, пак, сите кои имаат долгови кон СН Осигурителен Брокер, треба да ги исполнат своите обврски. Целиот текст на Пари.мк.  https://pari.com.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани