Градоначалникот Тони Коњановски присуствува на состанокот на ЗАЕДНИЧКИОТ КОНСУЛТАТИВЕН КОМИТЕТ И КОМИТЕТОТ НА РЕГИОНИ - МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ.
Градоначалникот објави - Како член на делегација на општини при ЗЕЛС ја имав таа чест да бидам Ко-председавач на заедничкиот консултативен комитет на комитетот на региони ЕУ - Македонија во седиштето на Европскиот комитет на региони “Жак Делор” во Брисел.
На дебатата зедов активно учество и ги споделив нашите искуствата со членките на комитетот во повеќе области на локалната политика:
развојот на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ,
локалната меѓу-регионална прекугранична соработка и локалните перспективи на заедницата и
тематската дебата за справување со загадувањето и предизвиците за заштита на животната средина.
Македонските општини беа претставувавни од директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ,
Јован Тозиевски, градоначалник на општина Ресен, Ѓорѓе Божинов градоначалник на општина Ново Село и Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.
На сесијата свое излагање имаше и Амбасадорот Зулфи Исмаили, шеф на мисијата на Македонија во ЕУ на чија покана присуствувавме во просториите на Амбасадата каде на пригоден начин беше одбележана 80 годишнината од кодифицирањето на Македонскиот литературен јазик.