2win800x200

Отворени денови на гешталт психотерапија во Битола

Мај 26, 2025

Aнима - Центарот за личен развој, едукација и психотерапија во Битола ќе спроведе серија на работилници во своите простории на ул. Климент Охридски” бр. 25 (поранешно радио Канал 77, т.е во „црвената кула“ веднаш до зградата Пелагонка 2), во периодот од 26 до 31 Мај 2025. Овие работилници ќе бидат на повеќе теми и ќе подразбираат презентации, предавања и експериментални вежби во група, а со цел промоција на гешталтистичкиот психотерапевтски правец. Гешталт психотерапијата е еден од најзастапените психотерапевтски правци во нашата држава и претставува една хуманистичка, феноменолошка и дијалошка терапија, ориентирана кон процесите кои се случуваат за време на доживувањата кои ги имаме, овде и сега. Доаѓа од германскиот збор „Gestalt“ кој означува „целосност“, целина или целост.

Мисијата на Aнима - Центарот за личен развој, едукација и психотерапија е давање придонес во унапредувањето и подобрувањето на квалитетот на живеење преку овозможување на емоционална поддршка, стручна психолошка помош, едукација, развој на лични компетенции како и стекнување на знаења, развој на способности и особини на личноста, поттикнување на внатрешна мотивација и развивање на систем на вредности. Анимка – Центарот постои од 2016 и моментално има неколку групи на едуканти кои се подготвуваат за психотерапевти низ соодветна програма за едукација. Анима – Центарот од 2025 е и асоцијативна членка на ЕАГТ, Европската асоцијација на гешталт терапевти.

495085148 2073207459872028 1214369944176796428 n

Предавањата и работилниците кои се овозможени од страна на соработниците и едукантите на Центарот се од отворен карактер. Агенда со предавачите, темите и времето е следна:

  • 05.2025 Понеделник - „Справување со анксиозност“; Марија Трајковски, 18 ч.
  • 05.2025 Вторник - „Арт - терапискиот пристап и Гешталтот“; Јове Крстески, 18 ч.
  • 05.2025 Среда - „Како да го подобриш твоето ментално здравје“; Д-р Сашо Кочанковски, 18 ч.
  • 05.2025 Четврток, бесплатни термини за советување во Битола ќе може да закажите со Марија Јанакиевска на 076/625-209, а во Прилеп со Маја Димоска - Јандреска на 078/831-667. Едно лице може да закажи само еден термин во периодот од 17-20 ч. Еден термин трае 50 минути. Закажувањето ќе се случува се додека термините не се пополнат.
  • 05.2025 Петок - „Справување со бесот и лутината со примена на гешталт психотерапијата“; М-р Марија Младеновска - Димитровска, 18 ч.
  • 05.2025 Сабота - "Работилница за лични граници, избор и автентичен контакт преку гешталт перспектива"; Вера Димовска, 19:00 ч.

Секој е добредојден да присуствува на овие работилници доколку се пријави на линкот  https://forms.gle/8KYgnxCvopEhWq4Q7, бидејќи бројот на места е ограничен до пополнување на капацитетот на просториите во Анима – Центарот. Сите работилници имаат психо-едукативна и промотивна цел – повелете да научите нешто повеќе за себе и да слушнете за Анима – Центарот кој покрај едукативни, нуди и советодавни психолошки услуги за битолчани и за сите оние на кои им е потребна помош, советување и поддршка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани