2win800x200

Судијата од битолскиот суд Хаџо Тариќ е избран за претседател на Основниот суд Крушево

Мај 26, 2025

Со десет гласа „за“, судијата Хаџо Тариќ е избран за претседател на Основниот суд Крушево. Тариќ, кој е судија во Основен суд Битола од 2010 година, претходно работел како адвокат во Прилеп.

За судија во Основен суд Битола е избран на  07.12.2010 година и работи прекршочна материја и претходна постапка.

Претходно работеше како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија во Прилеп, во периодот од 01.04.2001 г, се до изборот на судија во Основен суд Битола.

 

 

Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани се новите судии кои Судскиот совет ги избра денеска во граѓанска област на Апелационен суд Скопје.

Претходно во кривичниот оддел на Апелациониот суд беа избрани четири нови судии, Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев (претседател на Основниот кривичен суд Скопје) и Бетим Јахја.

Во рамки на седницата, Судскиот совет го избра Африм Фидани за претседател на Врховниот суд. Фидани доби осум гласа „за“ и пет „против“, додека за неговата противкандидатка, досегашната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, имаше само два гласа.

Дискусијата на членовите на Советот се фокусираше на неговиот акционен план за подобрување на состојбите во судството. Фидани е судија на Врховниот суд од 2017 година, а неговата кариера започнува со дипломирање на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина во 1989 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани