2win800x200

Коњановски- ФК Пелистер е стабилен прволигаш, ќе се комплетира и стадионот

Мај 30, 2025

Градоначалникот Тони Коњановски објави- 

ФК Пелистер е стабилен прволигаш, ќе се комплетира и стадионот

 
Пред неколку дена официјално заврши фудбалската сезона 2024/25 и време е да се сумира направеното, да се анализира претходниот период и да се истакнат добрите и лошите работи.  Исклучително сме горди и задоволни што нашиот ФК Пелистер оди по зацртаната линија и по проектот кој беше доверен до клупската управа уште во јануари 2023 година. Тогаш ги именувавме Митко Стојковски и Тони Мицевски како творци на проектот на клубот и Ванчо Мицевски како спортски директор. Со макотрпна работа клубот исполни голем дел од целите кои си ги зацрта и од четврто место во Втората лига стигна до шесто во Првата лига. Денес Пелистер е стабилен прволигаш, најпосетен клуб во Првата лига, има стадион кој е на прагот да стане комплетен, целосно ги намали долговите и ја реорганизира и подигна школата на клубот. Сите овие резултати и заслуги одат на адреса на овие луѓе кои деновиве ја завршуваат соработката со клубот. Ние како Општина, како луѓе од градот, навивачи на Пелистер, им сме бескрајно задоволни и им порачуваме дека вратите на нашиот клуб за нив ќе бидат секогаш отворени. Нивната посветеност е водилка како треба да се менаџира клубот и верувам дека процесот на развојот ќе продолжи, бидејќи Пелистер има добра база во сите структури. Веќе идната недела клубот ќе одржи средба на бордот на директори и ќе ги донесе потребните одлуки за функционирање на клубот – ќе бидат назначени новите раководечки луѓе и структури кои ќе го продожат растот на Пелистер.
 
Сакаме да го потенцираме проектот на комплетирање на стадионот „Петар Милошевски“ како витален за иднината на клубот и не се откажуваме од идејата за изградба на тренинг-центар, кој е неопходен. Апострофираме дека школата на клубот под водство на Златко Цветановски има огромен раст кон напред и денес е една од трите најдобри во нашата земја. Во претходните неколку години зголемен е бројот на млади членови на клубот, а екипите кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија бележат далеку подобри резултати од периодот претходно. Многу наши пионерски, кадетски и младински екипи се меѓу најдобрите во првенството и Купот на Македонија, а се користи секоја шанса млади фудбалери од нашата школа да дебитираат и за сениорската екипа. Овој скок е заслуга на Златко Цветановски и веруваме дека под негово водство ќе продолжи процесот, бидејќи Пелистер секогаш бил препознатлив по продукција на играчи и имплементација на истите во сениорскиот тим.
 
Наскоро клубот ќе ги презентира новите раководечки луѓе и ќе го изготви планот за сезоната 2025/26.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани