2win800x200

Во Битола прикажан филмот „Модринки на душата“ - со чувствителна тема за врсничкото насилство меѓу младите

Мај 30, 2025
Лина Чашитовска Лина Чашитовска

Синоќа во Битола Општинската организација на Црвен крст - Битола преку проектот „Црвен крст во Акција - Промоција на Хумани вредности“, имаше премиера на филм „Модринки на душата“ изработен од групата „Искри на хуманост“. Настанот беше поддржан од НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски “ Битола, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Битола, ОУ „Гоце Делчев“ - Битола.

Периодот беше краток, но резултатот успеа да ја прикаже состојбата на врсничкото насилство меѓу младите, а филмот успеа да допре длабоко до сите присутни, вели Лина Чашитовска, режисер, ученик во трета година во Гимназијата Јосип Броз Тито“ - Битола. 

„Гордост ми беше што можев да изрежирам ваков филм со помош на Александар Василески кој на некој начин прави чуда! Ако не беа моите најдраги волонтери и учесници во оваа група, Софија Гакова, Матеа Мано, Христина Врчковска и Владимир Јаневски, а секако и сите останати многубројни волонтери на Општинската Организација, ова никогаш не би го направиле. Нека овој филм биде поттик за како не треба да постапуваат младите, зашто еден лош збор или лошо дело некогаш може да значи и живот! “ - изјави Лина Чашитовска, лидер при ООЦК Битола и мини ментор на групата „Искри на хуманост“.

Филмот е поддржан од Министерство за внатрешни работи - СВР Битола/Одсек за превенција. Исто така филмот се препорачува за деца над 13 години поради вознемирувачка содржина. Истиот може да го погледнете на youtube каналот на Општинската организација на Црвен крст - Битола.

„Сакаме да упатиме и голема благодарност до нашите панелисти, професор м-р Даниела Петровска, професор д-р Марјан Танушевски, социолог Даница Таневска и самостоен инспектор при СВР Битола, Ките Трајковски. Вие успеавте со зборови да го доловите она што сите го видоа. Овој филм во следниот период ќе се прикажува во сите основни и средни училишта во Битола, а планираме и тој круг да го прошириме“, нагласува Чашитовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани