2win800x200

На Денот без тутун кампања „Кажи НЕ на пушењето!“

Мај 31, 2025

По три години напорна и посветена работа, ЕКТЕР – Битола со гордост објавува дека нашата едукативна кампања против пушење „Кажи НЕ на пушењето“ оваа година имаше ново уште поважно поглавје – ширење низ основните и средните училишта во цела земја!

Во изминатите години, тимот на едукатори предводен од инспиративната учителка Весела Богдановиќ посети повеќе училишта низ земјата, каде што околу 1000 ученици преку интересни игри, забавни активности и разговори учеа зошто пушењето е штетно и како храбро да кажат НЕ кога ќе бидат изложени на притисок.

Децата активно учествуваа во интерактивни работилници, играа, цртаа, разговараа и создаваа пораки за здрава иднина – без тутун, без цигари. Токму на овие работилници се роди идејата за Прирачникот за борба против пушење – збирка со игри, предлози за часови и активности прилагодени за ученици од различни возрасти. Овој прирачник сега е достапен и на турски и албански јазик и ќе биде дистрибуиран во Амбасадор училиштата низ целата држава.

Со оваа национална акција, сакаме да им дадеме глас на децата – да знаат дека имаат право да изберат здрав живот, и дека не се сами кога велат НЕ на пушењето. Ние веруваме во децата! Веруваме дека токму тие се нашите најважни амбасадори за здравје. Преку образование, разговор и игра, ќе создадеме идни генерации кои знаат како да се грижат за себе и за своето здравје.

Следете нè и станете дел од националната акција –
Деца, кажете НЕ на пушењето!

Кампањата е овозможена благодарение на поддршката од Програмата за директна помош (DAP) на Амбасадата на Австралија во Белград – поддршка за која сме длабоко благодарни.

slika 1

ПР текст 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани