2win800x200

Гимназијалката од Битола, Искра Нечаковска оди на Светската олимпијада по физика во Париз

Јуни 01, 2025
Искра Нечаковска Искра Нечаковска

Гимназијалката од Битола, Искра Нечаковска ќе учествува на Светската олимпијада по физика во Париз, Франција што ќе се одржи во јули годинава. Убавата вест ја сподели Гимназијата „Јосип Броз Тито", Битола каде Нечаковска е ученичка во трета година. Претходно Искра ќе учествува на Европската олимпијада во Софија. Ментор на ученичката Нечаковска е професорката по физика од Гимназијата во Битола, Драга Мишиќ.  

„Ученичката Искра Нечаковска на селекциониот натпревар по физика беше ПРВА  и во тој случај учествува на Светската олимпијада по физика која ќе се одржува од 17-25 јули во Париз - Франција.  
Исто така од 13-17 јуни учествува на Европската олимпијада во Софија.
И посакувам успех и на двете олимпијади.
Браво Искра и ментор Драга Мишиќ", објавија од гимназијата во Битола. 
 
Инаку, Искра и пред две години учествуваше на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа во Богота, Колумбија и се врати дома со бронзен медал.
Лани, Искра освои втора награда, сребрен медал и награда за целосно решена задача, на 6. Балканска олимпијада по физика, Никшиќ, Црна Гора.  
 
 Искра 1
 
(А.Б)
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани