2win800x200

Искра Нечаковска освои пофалница на Европската олимпијада по физика - Во јули заминува на Светската олимпијада во Париз

Јуни 18, 2025
Искра Нечаковска Искра Нечаковска

На Европската олимпијада по физика што се одржа во Софија, Бугарија, македонската репрезентација освои бронзен медал. Медалот го освои Дамјан Стојанов, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

Пофалници освоија Искра Нечаковска, ученичка во трета година во СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола и Андреј Стојановски, ученик во четврта година во „Јахја Кемал“, Скопје.

Битолчанката Искра Нечаковска сега заминува на Светската олимпијада по физика која ќе се одржува од 17-25 јули во Париз - Франција.

  

Друштвото на физичарите на Македонија објави - Бронзен медал и две пофалници за нашите олимпијци на 9. Европска олимпијада по физика!
Од 13 до 17 јуни 2025 година во Софија, Бугарија, се одржа 9. Европска олимпијада по физика (EuPhO), на која македонскиот тим постигна одличен успех:
Бронзен медал
- Дамјан Стојанов – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
Пофалници
- Искра Нечаковска – III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола
- Андреј Стојановски – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
Членови на тимот беа и:
- Матеа Митревска – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
- Михаил Шапчески – III година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
Нашите олимпијци постигнаа голем успех натпреварувајќи се со повеќе од 150 натпреварувачи од над 40 земји од Европа и светот.
Голема благодарност до водачите на тимот:
- м-р Христијан Кочанковски, претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ
- Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец
искра 2
 
 
Инаку, Искра и пред две години учествуваше на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа во Богота, Колумбија и се врати дома со бронзен медал.
Лани, Искра освои втора награда, сребрен медал и награда за целосно решена задача, на 6. Балканска олимпијада по физика, Никшиќ, Црна Гора.  
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани