2win800x200

Битолчанката Искра Нечаковска освои бронзен медал на Олимпијадата по физика во Франција

Јули 24, 2025

Битолчанката Искра Нечаковска, ученичка во гимназијата "Јосип Броз Тито" во Битола освои бронзен медал на Меѓународната олимпијада по физика што се одржува во Париз, Франција. Друштвото на физичари на Македонија денеска објваи дека тимот македонски натпреварувачи освои два бронзени медали и една пофалница. Искра Нечаковска е  една од нагардените од  тимот од Македонија на 55. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO 2025)!

 1000003262
На 55. Меѓународна олимпијада што се одржува од 17-25 јули во Париз, во конкуренција на 406 учесници од 86 држави, тимот од Македонија ги постигна следните резултати:
 
Бронзени медали:
 Искра Нечаковска, III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола и
 Андреј Стојановски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
 
Пофалница:
 Дамјан Стојанов, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје 
 
Успешно се претставија и:
  Михаил Шапчески, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и
  Матеа Митревска, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
 1000003263
Водачи на тимот беа:
проф. д-р Ламбе Барандовски, редовен професор на ПМФ во Скопје и претседател на ДФРМ, и
Војо Митревски, магистрант на Институтот за физика при ПМФ и поранешен олимпиец.
 
Посебна благодарност до Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет – Скопје, кои како и секоја година ги отстапија своите простории, како и на сите кои одвоија дел од слободното време и работеа на подготовките на тимот.
 
Следната 56. Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи од 4 до 12 јули 2026 година во Букараманга, Колумбија.
 
ДФРМ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани