ИЗВЕСТУВАЊЕ од Водовод Битола, да се користи рационално водата за пиење. 
 
- Ги информираме сите корисници дека поради високите температури, потрошувачката на вода во водоводниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола е драстично зголемена и надминува 700 литри во секунда.
  Како резултат на тоа, притисокот во системот е намален, што предизвикува проблеми со водоснабдувањето, особено на критичните и повисоките делови од градот.
 
 Апелираме до сите корисници за рационално користење на водата, односно да се користи само за основни потреби : Пиење, лична хигиена и готвење.
 Истотака, ги потсетуваме граѓаните што живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки за обезбедување соодветен притисок.
 
Ви Благодариме на разбирањето и соработката.
ЈКП „Водовод“ – Битола