2win800x200

Александра Радевска на чело на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Јуни 05, 2025
фото Пари.мк фото Пари.мк

Александра Радевска останува претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола. Одлуката на Надзорниот одбор за нејзниот реизбор доби и потврда со согласноста дадена од Народната банка.

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-2348/1/II-27 од 26 февруари 2025 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-10112/9 од 3 јуни 2025 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана  Александра Радевска“, соопштија од битолската банка  преку Македонска берза.

Радевска, во Управниот одбор со кој и натаму ќе раководи, членува веќе две години – од јуни 2023, а на претседателската позиција првпат беше именувана во номeври истата година. Дипломираниот економист има големо работно искуство. Со Стопанска банка Битола професионално е поврзана 12 години, од кои една деценија била дел од Надзорниот одбор, а од 2019 е и во Одборот за ревизија. Одговорна е за секторите за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, за управување со инвестиции и имот и за правни работи и решавање проблематични пласмани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани