2win800x200

НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола одржа Меѓународна конференција- „Иновативни библиотечни програми - едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“

Јуни 05, 2025
На 4-5 јуни 2025 година во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа Меѓународна конференција на тема: „Иновативни библиотечни програми - едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“, проект поддржан од Министерство за култура и туризам на Република С. Македонија. На Конференцијата зедоа учество гости и библиотекари од Република Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и од повеќе библиотеки од нашата држава. Координатор на проектот беше м-р Милка Котевска, виш библиотекар.
Библиотеките денес не само што го чуваат знаењето, туку активно учествуваат во неговото создавање, ширење и унапредување – преку иновативни услуги, технологии и пристапи кои одговараат на современите потреби на заедницата. Тие стануваат двигатели на иновацијата. Затоа и целта на оваа конференцијата беше фокусирана на улогата на библиотеките во современото општество преку развивање на иновативни програми за едукација на корисниците, влијанијата на корисниците врз креирањето на библиотечните програми и
професионалниот развој на библиотекарите.
Дел од Конференцијата беше и изложбата „Читање на традицијата – кирилицата во калиграфија и вез“, 17 опремени слики од две авторки, Јованка Шоргиќ и Добрила Аскрабиќ од Лазаревац, која беше поставена во Дневна соба.
Како настан што ја обедини меѓународната библиотечна заедница, со успех беа претставени повеќе стручни трудови на кои се прикажаа корисни практики, иницијативи и програми кои ги претвораат библиотеките во живи центри на заедницата – отворени, инклузивни и ориентирани кон иднината.
Bu 2
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани