После повеќедецениски дисконтинуитет во планирањето, Општина Битола пристапи кон изработка на стратешки урбанистички планови (ГУП и ДУП), кои се во согласност со визијата за развој на општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски. Во оваа насока е изготвениот Детален урбанистички план за блокот Запад 08.01, со што се предвидуваше изградба на нов спортски комплекс во Нова Битола и можност за реализација на визиите кои на Битола ќе и дадат шанса за напредок и задржување на приматот за урбан центар во регионот.
Новиот нацрт ДУП, кој на вчерашната седница на Советот на општина Битола, не ја доби поддршката од советниците на СДСМ и Поинаку е изработен согласно сите потребни стандарди, соодветни за изградбата на нов реонски центар во Нова Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски, во координација со Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, кое е изработувач на планот, изврши увид на локацијата каде согласно плановите на општината, просторот требаше да се уреди по примерот на големите урбани центри.
„Тоа не е само спортски комплекс, и не е само за љубителите на спортот, тоа е нов реонски центар, кој предвидува повеќе содржини. Во планирањето особено е важен јавниот интерес кој го зачувуваме и предвидени се градежни парцели за мултифункционален спортски комплекс во границите на працелата, основно училиште, старски дом, детска градинка, објекти за колективно домување и огромна површина на парково зеленило.
Да напоменам дека сообраќајниот концепт кој треба да го оквири овој западен блок, предвидува нови сообраќајници, улицата Димитар Илиевски Муратот продолжува, а во другата насока спојување со нова сообраќајница која ја поврзува улицата Партизанска со улица Довлеџик. Се работи за површина од над 15 хектари кој се сега посадени, односно ниви“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Спортскиот комплекс се планира со капацитет од приближно 5.000 гледачи, сличен на капацитетот на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кој е изграден во близина на станбени зони (на помалку од 150 m од станбените згради), а не на периферија на град. Уште еден пример од нашето соседство е Белградска арена која има капацитет од 18.000 гледачи, а се наоѓа во станебна зона во Нов Белград, на растојаните помало од 100 m од станебни згради.
Нацрт деталниот урбанистички план во целост е усогласен со Генералниот урбанистички план на Град Битола. Можностите за развој и флексибилноста што ги нуди ГУП-от се применети во Нацрт ДУП-от. Усогласеноста на ДУП-от со ГУП-от детално е елаборирана во нацрт планот.
Сопственоста на земјиштето беше еден од поважните аспекти во планирањето, особено што со овој план пред сѐ треба да се утврди локација за нов спортски комплекс. Врз основа на тоа спортскиот комплекс се планира на земјиште во доминантна државна сопственост. Најголем дел од земјиштето е во 100% државна сопственост, додека мал дел од земјиштето е со мешана сопственост каде државата е доминантен сопственик, додека приватниците се со малцински удел (на пр. 4/133). Треба да се има предвид дека речиси секој развоен проект од значење за градот, за успешно да се реализира потребна е експропријација. Таков е примерот со ул. „Железничка“ за чие пробивање пред 20-тина години се направи експропријација на недвижен имот во населбата Јени маало. Придобивките од пробивањето на улицата денес ги уживаме сите граѓани на Битола и граѓаните кои транзитираат низ градот, а најмногу жителите на улиците „Прилепска“ и „4-ти Ноември“. Актуелен е и примерот со експропријација на ул. „8-ми Септември“, која треба да заврши со современ влез во градот. Експропријацијата не значи обезвреднување на имотот, туку создавање на услови за развој. На сопствениците на кои треба да им се експроприра земјиште, за истото ќе им се надомести согласно Законот за експропријација. Како што предвидува Законот, експропријацијата се врши врз основа на методологијата која ја зема предвид пазарната вредност на конкретното земјиште. Сопствениците на земјиштето, согласно Закон, имаат механизми во утврдувањето на вредноста на земјиштето.
Планското решене е димензионирано за пристап на интервентни возила, особено што сообраќајното решение обезбедува поголема проточност на сообраќајот. Не само за потребите на спортскиот комплекс и останатите јавни дејности во планот, со ова планско решение се унапредува пристапот на интервентни возила и брза евакуација на веќе изградените градби.
Мирот и спокојот на граѓаните на населбите Ремо и Брусничка не е нарушен бидејќи спортскиот комплекс се планира со брз пристап преку новопланираната улица „Димитар Илиевски – Мурато“ (планирана и со сегашниот ГУП и ДУП), а понатаму преку сервисни улици и истите сообраќајни пристапи НЕ ги дели со останатите градби за домување кои постојат или се планираат во населбата. Понатаму, при изградбата на комплексот ќе се применат современи градежни материјали и градежни технологии кои ќе го унапредат социјалниот аспект на жителите во околината, а истото ќе биде потврдено со Елаборат за заштита на животната средина (и други елаборати), составен дел на проектната документација врз основа на која ќе се обезбеди градежна дозвола.
Дополнително, со овој план ќе се унапреди квалитетот на населбите, пред сè поради тоа што земјиштето ќе се уреди, а жителите ќе добијат уредени парковски површини, детски игралишта, плоштад, тениски терени, дополнителен број на јавни паркинзи, улици, тротоари, велосипедски патеки, детска градинка, училиште, старски дом, спортски комплекс итн. Не само што не влијае негативно на населбите, реализирањето на планот и спортскиот комплекс ќе влијае позитивно на жителите на истите особено што нивниот имот ќе добие додадена вредност.
Изработувач на планот е јавното претпријатие претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола, а неговите ингеренции се уредени со Законот за урбанистичко планирање, но не со членот 72, како што се појавија некои дезинформации, туку со членот 70 бидејќи Јавното претпријатие не е Јавна установа за урбанизам, туку правно лице со лиценца за изработување на урбанистички планови. Како што е регулирано во Законот за урбанистичко планирање, во членот 70 „Правното лице со лиценца за изработување на урбанистички планови може да изработува: урбанистички планови (како што е предметниот ДУП); урбанистички проекти; други стручни работи од областа на урбанизмот, уредени со законот“. Покрај Општина Битола, вакви Јавни претпријатија имаат и Општина Прилеп и Општина Куманово кои непречено изработуваат и имаат изработено и донесено урбанистички планови (ГУП-ови и ДУП-ови). Лиценцата за урбанистичко планирање на Јавното претпријатие е доделена од страна на Министерството за транспорт и со тоа Министерството ги уредило ингеренциите на претпријатието.
Планското решение посветува особено внимание на сообраќајот, како динамичен, така и стационарен. Покрај тоа што се води сметка за пристап, со планското решение се унапредува проточноста на сообраќајот. Истото се базира врз основа на сообраќајните анализи на Генералниот урбанистички план на сила, а во секој случај е усогласено и комплементарно со Сообраќајната студија (во изработка) и Генералниот урбанистички план (во изработка). Планското решение е комплементарно и усогласено со повеќе од 10 студии што се изработија за новиот Генерален урбанистички план, особено со Студијата за градски центри, изработена од Архитектонски факултет во која е направена анализа и за делот Реонски центар Запад. Во оваа анализа се наведува дека овој дел на градот има потенцијал за развој на јавен простор кој релативно лесно може да прифати богата содржина на функции карактеристични за вакви градски простори. Во анализата е констатирано дека Реонскиот центар Запад може да се оформи во самостојна просторна анализа различна од централното градско подрачје која ќе овозможи појава на нови активности со вметнување на нови класи на намени. Ова ќе се овозможи со просторно и функционално редефинирање на планираниот Реонски центар со идентификација на локации на кои ќе може да се интерполираат мултифункционални групирања, односно да се предвидат објекти со намена образование, социјална заштита, трговија, угостителство, зеленило, спорт и рекреација и слично.