2win800x200

Коњановски потврдува нема повредени од падот на кранот во поранешната касарна во Битола, ќе се затвори градилиштето

Мај 31, 2025
Нема повредени од падот на градежниот кран во поранешната касарна во Битола, ќе се затвори градилиштето, потврди градоначалникот Тони Коњановски.  
 
Нема повредени од падот на градежниот кран во поранешната касарна во Битола, потврди попладнево градоначланикот Тони Коњановски, по увидот на терен. Причинета е само материјална штета.  И од Битолската болница за „АПЛА“ потврдија дека нема повредени лица од инцидентот. 
Настанот се случи денеска околу 14 часот кога градежен кран падна врз објектот кој е во изградба. Коњановски рече дека  станува збор за приватен објект.  
 
Веднаш излегов на лице место каде што се случи немил настан при изведување на градежни активности на приватен објект, кој се гради во старата битолска касарна со цел Општина Битола веднаш да реагира соодветно и согласно своите надлежности. Исто така со мене на терен е и овластениот градежен инспектор кој ќе изврши надзор врз активностите на инвеститорот, изведувачот и надзорот на објект каде се случи овој настан. Причинета е само материјална штета.
Од клиничка болница Битола и службата за итната медицинска помош ме информираа дека нема пријавено повредени лица. Објектот има уредно издадено решение за градбa.
Издадено ќе биде и решение за затворање на градилиштето.
А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани