2win800x200

Во Битола оддадена почит на загинатите бранители кај Гајре

Јуни 05, 2025

ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ГАЈРЕ

 
Денес се навршуваат 24 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.
 
Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители. 
 
Свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници од Советот на Општина Битола, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, семејствата на загинатите бранители и други граѓани.
 
Како дел од комеморативните настани во организација на Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, цвеќе беше положено и на гробовите на загинатите бранители во црквите „Света Недела“ во Битола и „Свети Атанас“ во Новаци, а беше одржан и Меморијален турнир во мал фудбал во универзитетската сала „Павел Шатев“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници.
 
Нека им е вечна славата на нашите херои 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани