АД ЕСМ информира дека Александар Мурговски е нов претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ на местото на Иван Куковски. Компанијата соопшти дека досегашниот претседател на Надзорниот одбор, Иван Куковски, се повлекува од функцијата поради идни професионални ангажмани. Изразуваме огромна благодарност до г. Куковски за неговиот досегашен ангажман и исклучителен придонес во работата на компанијата.
Неговата посветеност, стручност и лидерство беа од клучно значење не само како претседател на Надзорниот одбор, туку и како потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот енергетски сектор. Неговата визија и искуство беа инспирација за многумина, а неговиот придонес ќе остане влијателен за идните генерации. Му посакуваме многу успех во новите професионални предизвици и лични потфати, информира АД ЕСМ.
На чело на Надзорниот одбор стапува досегашниот член, г. Александар Мурговски. АД ЕСМ му посакува успешна и посветена работа и ефикасно менаџирање со Надзорниот одбор во претстојниот период. Веруваме дека неговото богато искуство и длабинско познавање на енергетскиот сектор ќе придонесат за натамошен раст, стабилност и развој на компанијата, како и за успешно справување со идните предизвици во енергетскиот сектор.