2win800x200

Битола слави - трета титула за Еурофарм Пелистер

Јуни 07, 2025

БИТОЛА СЛАВИ: ТРЕТА ТИТУЛА ЗА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СВЕЧЕН ПРЕЧЕК НА ШАМПИОНИТЕ УТРЕ - НА 8 ЈУНИ ПРЕД ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

 
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со освојувањето на шампионската титула повторно ја потврди Битола како горд и препознатлив спортски град. Третата титула по ред пристигнува вечерва, по големата победа над ривалот Вардар на гостински терен.
 
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитки до шампионите и ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи Чкембари, на голема прослава. Настанот ќе се одржи утревечер, на 8 јуни 2025 година, од 20:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.
 
Градоначалникот Коњановски најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.
 
Општина Битола упатува искрени честитки до РК Еурофарм Пелистер и изразува длабока благодарност до нашата ракометна гордост!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани