ШАМПИОНСКА НОЌ ПРЕД ОФИЦЕРСКИ – ВЕЧЕРВА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА ДА СЛАВИ СО РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!
По емотивниот и масовен пречек на нашите спортски херои од РК Еурофарм Пелистер, Битола вечерва продолжува да слави со шампионски дух и нескротлива еуфорија!
На Платото пред Офицерскиот дом, од 19:30 часот, започнува големата прослава во чест на титулата што го врати ракометниот пехар во наши раце!
Програмата ќе ја отвори енергичниот настап на музичката група „Brass Brothers“, а веднаш потоа ќе следува настапот на Димитар Андоновски, кој ќе ја засили атмосферата со моќна музичка емоција.
Целата вечер ќе биде обоена со навивачки песни, шампионска енергија и зеленo-бела гордост, достојна за тим што испиша историја!
Ова е вечер кога цела Битола ќе пее, ќе слави и ќе ги прегрне своите шампиони – РК Еурофарм Пелистер!
Вечерва, сите битолчани, Ве очекуваме пред Офицерски дом, заедно со ракометарите да го прославиме големиот успех на РК Еурофарм Пелистер.