2win800x200

Во Битола одиграна претставата "Превенција на зависности"

Јуни 10, 2025

На 2 јуни годинава во Центарот за култура – Битола, се одржа премиерата на едукативната театарска претстава "Превенција на зависности". Претстаава за здрави одлуки,  создадена од млади луѓе од нашата заедница.

 Претставата ги опфати темите - 
- игрите на среќа
- пушењето и електронските цигари  
- алкохолизмот
- употребата на дрога
 
Младите (на возраст од 13 до 18 години) од ромската и не-ромската заедница пренесоа моќни пораки за превенција, поддршка и избор на здрав начин на живот. Претставата предизвика силни емоции и поттикна важен дијалог меѓу присутните, информираат од Сумнал - здружение за развој на ромската заедница. 
 
Овој проект е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на ЕУ, и е реализиран во соработка со Едукативен центар Едусфера. Едукативен Центар Едусфера 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани