2win800x200

Коњановски - Општина Битола започна со обележување на новите велосипедски патеки

Јуни 11, 2025
Со конкретни чекори кон подобрување на урбаната мобилност и поттикнување на здрави животни навики, Општина Битола започна со обележување на новите велосипедски патеки, како дел од планот за развој на вело инфраструктурата во градот.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи“, Зоран Михајловски и претставници од Oдделението за комунални дејности во општината, извршија увид во започнатите активности, кои синоќа стартуваа на улицата „Васко Карангелевски“.
Обележувањето се изведува во вечерните часови, а во оваа фаза, велосипедската патека ќе биде обележана на десната страна од улицата, на потегот од кружниот тек кај Педагошкиот факултет до кружниот тек кај „Веро“.
Паралелно со овие активности, продолжува и асфалтирањето на другиот дел од тротоарите и вело патеките на улицата „Партизанска“, со што општината покажува континуирана грижа за инфраструктурен развој и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.
„Ова е прв значаен чекор во реализацијата на долгорочната стратегија за одржлив транспорт и урбана мобилност во Битола. Граѓаните со години наназад бараа подобри услови за возење велосипед и изградба на велосипедски патеки, а денес, со сопствени средства од буџетот на општината, тоа го претвораме во реалност“, истакна градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Проектот има за цел не само да обезбеди безбедни услови за велосипедистите, туку и да придонесе кон намалување на загадувањето, сообраќајниот метеж и подобрување на квалитетот на живот во урбаната средина.
Со комплетирањето на вело-патеките во должина над 5 километри, Битола прави значаен исчекор во модернизација на сообраќајната инфраструктура, во насока на еколошки и здрав начин на движење низ градот, притоа обезбедувајќи простор за велосипедисти, но и реконструирани тротоари за пешаците.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани