КОНСТАТИРАНИ ПРОПУСТИ КАЈ ИЗВЕДУВАЧОТ: ОПШТИНАТА РЕАГИРА УШТЕ ВО ТЕКОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ
При реализацијата на проектот за „Реконструкција на постоечки тротоари“ на дел од улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, беше констатирано дека изведувачот на градежните работи – „Јоска Транс“ – направил пропусти при подигнувањето на затворачите и капаците на одредени локации, во должина на десната страна од трасата на улицата „Васко Карангелевски“.
Согласно проектот и во континуитет со изведените работи, ЈП „Паркинзи“ изврши обележување на велосипедската патека по целата должина на трасата.
Екипи од Општина Битола излегоа на терен, ја утврдија состојбата и веднаш реагираа до изведувачот за корегирање на пропустите, со оглед на тоа дека проектот сè уште е во тек на реализација и не е целосно исплатен.
Дополнително, Општинската администрација ги има предвид и укажувањата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, изнесени преку видео-снимка. Истите веќе беа евидентирани од страна на општинските служби и се постапува по нив – како што се постапува за секој проект кој е во фаза на реализација.
Мерките кои што ги презема локалната самоуправа, имаат за цел успешно завршување на проектот за изградба на велосипедски патеки, кои се долгогодишна желба и потреба на битолчани.