
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола следниот викенд ќе пулсира во ритамот на танцот!
Танцовиот спортски клуб „Степ Ап“ – Битола, по втор пат е домаќин на престижниот меѓународен танцов спортски натпревар „Битола ОПЕН 2025“, кој ќе се одржи на 22 јуни во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 8:00 часот наутро, а свеченото отворање е закажано за 19:00 часот.
Битола ќе прими натпреварувачи од Турција, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Австрија, Германија, Италија, Молдавија, Кипар, како и од далечните Малезија и Сингапур. Секако, ќе настапат и најдобрите танцови двојки од Македонија.
За време на целиот ден, посетителите ќе имаат можност да уживаат во динамични настапи и уметнички перформанси во стандардни и латиноамерикански танци. Овој реномиран настан е дел од официјалниот календар на Светската спортска танцова федерација (WDSF), што му дава меѓународна тежина – освоените бодови се вреднуваат на светските ранг-листи.
По успешната организација минатата година, интересот оваа година е уште поголем, со надеж дека „Битола ОПЕН“ ќе прерасне во традиција која ќе го вброи градот меѓу значајните танцови дестинации во регионот. Организаторите упатуваат благодарност до Танцовата спортска федерација на Македонија, Министерството за спорт и Општина Битола за поддршката и помошта во реализацијата на овој спектакл.
Сите љубители на танцот, граѓани на Битола и пошироко, се повикани да бидат дел од ова несекојдневно доживување и да ги бодрат своите фаворити. Повеќе информации може да се најдат на официјалните профили на социјалните мрежи: Facebook: tskstepup Instagram: @tsk_step_up или на e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од „Битола ОПЕН 2025“ – каде што танцот станува спорт, а спортот уметност!