2win800x200

И битолчани се вознемирија од земјотресот во охридско

Јуни 16, 2025

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот го почуствува и битолчани, особено оние во колективните згради на повискоите катови.  

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид – Струга, 102 км југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани