2win800x200

Битолчани реагираат дека добиле во просек по 750 денари обештетување од земјотресот во 2022 година - што одговара Општина Битола

Февруари 12, 2026

Во врска со обесштетувањето за земјотресот во Битола од јануари  2022 година, битолчани реагираат дека добиле во просек по 750 денари, додека членови на Комисијата за проценки на штети по неколку илјади евра. Врз основа на што е толкава разликата во исплаќањето? Колку е вкупниот буџет одобрен од Владата? И зошто после четири години од земјотресот, им се исплаќаат само пет проценти од штетите?, ова се прашањата што АПЛА ги испрати до Општина Битола. 

 

Одговорот од Општина Битола ви го пренесуваме во целост:  

Oдговор на прашањата поставни во врска со исплатата на штети за земјотресот од 2022 година, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од седницата одржана на 1 октомври 2024 година во висина од 5 проценти од вкупно проценетата штета од 35.690.926,00 денари.

Согласно изготвениот и усвоен елаборат за проценка на штети од земјотресот проценета е штета за вкупно 2.435 правни и физички лица во вкупна вредност од 35.690.926, 00 денари.

Владата на 23-тата седница одржана на 01.10.2024 година донесе одлука да обезбеди парична помош од државниот Буџет за непогода земјотрес во Општина Битола во вкупен износ од 1.784.546,00 денари. Средствата се префрлени на наменска сметка на Општина Битола на ден 24.12.2024 година.

Доцнењето со исплатата на средствата добиени од Владата е поради погрешно доставени податоци на дел од оштетените физички и правни лица како и поради згаснати/ непостоечки банкарски сметки, а бидејќи исплатата се прави на еден налог за сите 2.435 правни и физички лица истиот не може да се реализира доколку во него се наведени погрешни податоци. Согласно начелата во Законот за заштита на лични податоци не можеме поединечно да истакнуваме лица и износи на средства коишто им се исплатени. На членовите на Комисијата кои работеа на 2435 предмети им е исплатено согласно Одлука донесена од страна на советниците на Советот на Општина Битола во согласност со бројот на сработени предмети.

632347445 1198396042469143 6263318712422919671 n

632166461 1198396112469136 8572687804910318558 n

фото Фејсбук ЛДП Битола 

A.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани