2win800x200

Битола се подготвува за избор на најдобрите спортисти и екипи за 2025

Февруари 13, 2026

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ И ЕКИПИ НА БИТОЛА ЗА 2025

 
Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола по 62-ри пат ја организираат манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година. Повод за тоа беше денешната прес конференција.
 
Годинашното мото на манифестацијата е „Верувај во себе, направи шампион“.
 
Претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски рече дека подготовките се во завршна фаза, очекуваат и гости од неколку федерации од Македонија и гости од Министерството за спорт.
 
По категории ќе бидат избрани 10 најдобри спортисти, потоа најдобри сениорски, младински екипи и најдобри младинци. 
„Имаше над 130 предлози за оваа година за избор на спортист. Навистина зад нас имаме многу успешна година во спортот во градот и бевме пред тешка одлука да ги определиме најдобрите“ рече Павловски.
 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека како Општина Битола  спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа.
 
„Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија“ вели Коњановски.
 
Манифестацијата ќе се одржи вторник на 17 февруари со почеток во 19:00 часот во Народниот театар Битола, а вечерва од 18:00 часот и изложба на спортска фотографија во фоајето на Народниот театар од четворица автори.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани