2win800x200

Во Битола се одржа мотивацискиот настан "Со клик на пикник"

Јуни 17, 2025

Во Битола се одржа мотивацискиот настан „Со клик на пикник“: Младите ги отворија прашањата, д-р Костиќ – вратите

Во едно мирно битолско попладне, кога денот се наведнува кон тишина, а мислата бара простор да прозбори, на 16 јуни во 17 часот, во дворот на ул. „2 Август“ бр. 15, се одржа несекојдневен мотивациски собир за млади насловен „Со клик на пикник – откриј што сакаш да бидеш“. Настанот, организиран за млади од 12 до 18 години, не беше ни семинар, ни предавање – туку отворен простор за себеоткривање, инспирација и дијалог. Д-р Жарко Костиќ, мотивациски говорник и тренер за личен разво, со истенчено чувство за развојот и интересите на духот на младите, два часа го задржа вниманието на публиката без микрофон, без говорница, без вештачка реторика – туку со глас што допира, со искреност што не бара аплауз, туку разбирање.

Во лежерна пикник-атмосфера, со кебиња, кошнички и многу отворени срца, младите ги слушаа неговите зборови за најсуштествените теми во процесот на личен раст: како се избира професија што те инспирира, како самодовербата станува тивок, но моќен сојузник, како пречките се дел од патот, не од крајот, како се поставуваат цели и се претвораат во животна приказна. Она што го направи говорот на Костиќ различен од сите прочитани мотивациски прирачници беа живописните примери од секојдневието – хумористични, блиски, реални. Не беше тоа монолог, туку воспоставување мост меѓу генерации, вредности и соништа.

Посебно внимание беше посветено на разликата меѓу изборот и принудата, меѓу „треба“ и „сакам“, меѓу надворешниот притисок и внатрешниот глас. Токму тука, д-р Костиќ поентираше со реченица која го обои целиот настан во една мисловна светлина: „Таму каде што нешто емотивно и интелектуално те влече – никој не треба да те турка" - Тони Робинс Настанот заврши брз фрази и без формалности, но со она што ретко се добива – со внатрешен импулс. Импулс за храброст. За сопствен пат. За слушање на тишината што зборува во нас.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани