2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОУ „Коле Канински“ успешно реализира симулациона вежба - земјотрес

Ноември 28, 2023

Околу  350 ученици од основното училиште „Коле Канински“ - Битола беа евакуирани поради земјотрес пропратен со мал пожар во просториите на училиштето и пет повредени лица. Училиштето, заедно со службите за итна интервенција од општина Битола: Црвен крст, ИМП, ТППЕ, ЦУК, СВР Битола, ДЗС и општина Битола, реализира симулациона вежба - земјотрес во просторите на централното училиште и подрачните училишта кои се дел од ова училиште.

 kole 28 11 2023

За време на симулационата вежба беше реализирано сценарио: земјотрес ги затекнува учениците на час, а задача на наставниците беше безбедно да ги евакуираат учениците, според претходно извежбани насоки на движење, како и да имаат увид во тоа кои и колку ученици фалат. Во текот на симулационата вежба, се одронува таванот во една од училниците и 3 ученици остануваат заглавени во рушевините, а исто така има и други двајца тешко повредени ученици. Поради тоа потребна е интервенција од страна на службите за итна интервенција, со тоа што произлегува агендата, сценариото и должностите за вежбата на одредените служби.

viber image 2023 11 28 14 02 45 307

Додека трае ѕвонењето на ѕвончето, со кое се означува траењето на земјотресот учениците ги следат укажувањата од наставникот: смирено без паника се засолнуваат (под клупите или под рамката на вратата ). По пауза од 2-3 минути, за кое време учениците се засолнети, се слуша второ ѕвонче. Второто ѕвонче го означува стартот на евакуацијата на учениците и наставниот кадар. Наставниците имаат задача да ги напуштат училниците заедно со учениците. (наставникот излегува последен од просторијата со тоа што мора да провери дали има некој заостанато во училницата).

viber image 2023 11 28 14 02 45 830

viber image 2023 11 28 14 02 46 120

viber image 2023 11 28 14 02 46 881

Untitled

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани