
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комуналната инспекција од Општина Битола казни жена што фрлаше ѓубре на јавна површина, откако „АПЛА“ објави видео на кое се гледа дека две жени од автомобил изнесуваат и фрлаат отпад на површина пред контејнери на плац зад Новиот Пазар во Битола. На видеото https://www.facebook.com/share/v/1AiNmE8fAL/ кое ни го прати граѓанин, се гледа јасно дека двете жени брзаат да го изнесат ѓубрето и наместо да најдат место да го стават во неколкуте контејнери пред нив, тие го фрлаат на земја пред големите канти за ѓубре. Дури една од жените вади од колата ѓубре и од подалеку го фрла. Видеото предизвика бурна реакција кај граѓаните, кои побараа казни за сторителиte.
Комуналниот инспектор при Општина Битола денеска бил на увид и лоцирал една од двете жени.
-Општина Битола го лоцира сторителот, утрово од страна на инспекторатот изготвен е записник и издаден е прекршочен платен налог согласно Законот за јавна чистота, изјавија од Општина Битола за „АПЛА“
Една од жените на видеото, синоќа, преку порака до АПЛА побара да се отстрани видеото и се закани со тужба за медиумот.
-Тргнете ја објавата со колата, со ѓубрето, имам тезга во Новиот пазар, го чистев ѓубрето бидејќи нема чистач, на одмор е и зад тезгите е депонија. Моравме да фрлиме гајби и друго ѓубре во вреќи за што имам доказ. Ќе ве тужам ако не се тргни видеото. Ќе се разбереме на суд, јас имам докази. Ние плаќаме тезги и за нас се контејнерите во Новиот пазар, напиша засегнатата во пораката до медиумот.
„АПЛА“ возврати -„Утре ќе пријавам во Комунална инспекција, со нив ќе се разберете. Слободно тужете.“
https://www.facebook.com/share/v/1AiNmE8fAL/
А.Блажевска