2win800x200

Ни една третина не е сработено од булеварскиот влез во Битола, Мицкоски го впери прстот во изведувачот

Јуни 17, 2025

БИТОЛА – По речиси една година, ни една третина не е сработено од реконструкцијата на влезот на Битола од страната на Прилеп за булеварско современо решение. Рокот за изведба истекува за 7-8 месеци, ама крајот не се гледа.

May be an image of 8 people

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола рече дека објективно не е задоволен како се изведува реконструкцијата и прстот го впери во изведувачот. Изведувач на градежните работи е ГД „Гранит“, подизведувач „БВ инженеринг“. 

Камен-темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп беше поставен лани на крајот на јули и на настанот лично присуствуваше Мицкоски, сега од она што го видел изразува жалење. Најфреквентниот влез во Битола од север, кој со децении наназад е грда слика за градот, треба комплeтно да се модернизира по децении барањата на бизнисот од Пелагонија, возачите и воопшто граѓаните и посетителите на Битола.

Се работи на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема, експропријација.

Станува збор за проект вреден над 102 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри. 

„Што се однесува до влезот, морам објективно да кажам дека и покрај сето она што го прави Општината, за жал не сум задоволен од динамиката на изведување на работите. Ова е порака пред сѐ до изведувачот, затоа што имаме уште седум-осум месеци до рокот, а не е завршено ни триесетина проценти тоа што е договорено. Очекувам да се забрза таа динамика и да се испочитува рокот, бидејќи тоа нормално предизвикува непријатно чувство и фрустрација кај битолчани. Тоа што можев да го видам не е соодветно со тоа што треба да биде како динамика и лично ќе го следам развојот на овој проект“, рече Мицкоски во Битола. 

Претходно градоначалникот Тони Коњановски кажа дека делницата опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки со зелен појас – дрворед со широчина од по 5.5 метри.

„Веќе 50-60 година Битола нема адекватен влез од страната на Прилеп. На должина од 1.300 метри се извршуваат градежните работи на првите 800 метри, со комплетна инфраструктура. Ќе добеме еден современ влез, а ќе следи фазата и со реконструкцијата на мостот. Останува со помош на владата да продолжиме и во делот на клучката“, рече Коњановски.  

May be an image of 8 people

За разлика од реконструкцијата на влезот на Битола, премиерот Мицкоски е задоволен од работите за реконструкција на патот Битола – Прилеп. Изведувачот на автопатот е компанијата „Бехтел и Енка“.

„Овој месец повеќе од 85 проценти ќе биде од аспект на имотно-правни односни завршено. Од аспект на истраги со пронаоѓање на експлозивни направи, исто така е испитано и завршено. Важно е дека се следи тој рок, да се забрза, за разлика од состојбата пред една година кога беше до никаде. Сега можам да кажам од последното кое го разговараме со изведувачите дека веќе е отворен фронт од дваесеттина километри. Мислам дека тука ќе биде испочитуван оној рок кој е во договорот“, рече премиерот.  (А.Б.)

May be an image of 1 person and road

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани