
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски очекува убедлива победа на локалните избори во Битола и мнозинство во Советот. Ова Мицкоски го рече денеска при посетата на Битола, откако партијата најави дека дала целосна поддршка актуелниот градоначалник Тони Коњановски да е кандидат за претстојните локални избори на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира, очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг, успешна работа и во иднина. Мнозинство во Советот кое што ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како досега што ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот по било која цена. За жал поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да отпечнеме уште еден долгоочекуван проект, тоа е спортската сала, но се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме“, рече Мицкоски во Битола додавајќи дека во периодот што следи во Битола влегуваат стотина милиони евра.
-Битола е во најголем фокус за нас, така било така и ќе остане, рече Мицкоски
Наброја дека се очекува завршување на голем број проекти, отпочнување со работа на топлификацијата, пречистителна станица, 15 милиони евра во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола...
А.Блажевска