2win800x200

Нов ултразвучен апарат за Гинекологија, донација во Клиничка болница

Јуни 18, 2025

Клиничката болница во Битола доби нов, современ ултразвучен апарат како донација од хуманитарната организација “Hand Till Hand“ од Шведска, во соработка со фондацијата “Stiftelsen Brödet“ од Шведска и хумани донатори од Соединетите Американски Држави.

-Оваа значајна медицинска донација претставува голем чекор напред во унапредувањето на дијагностичките капацитети на болницата, за нашиот оддел. Со тоа ќе се овозможи побрза, поточна и поквалитетна здравствена услуга за пациентите од овај регион. Сакам да изразам благодарност до менаџерскиот тим на чело со Нензи Лозанче и до сите вработени на гинеколошко акушерскиот оддел при клиничката болница и претставниците од “Hand Till Hand“ и “Stiftelsen Brödet“ и донаторите од САД, изјави доктор Михајло Вангелов, раководител на ГАО Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани