2win800x200

Бодибилдерот Зоран Лазаровски најави независна советничка листа и учество на локалните избори во Битола

Јуни 19, 2025

Познатиот битолски бодибилдер Зоран Лазаровски - Паљо, најави учество со независна листа на претстојните локални избори во Битола. Лазаровски кој извесен период наназад е еден од водачите на протестите "Стоп за депонија во Пелагонија" на својот Фејсбук профил најави дека ќе формира независна советничка листа насловена "За Битола.1000002265 -На локалните избори во октомври ќе учествувам со Граѓанска независна советничка листа еве го логото и мотото "ЗА БИТОЛА",  за да започни вистинската борба за  Битола.  Мора сите битолчани и битолчанки да се разбудите и да ја видите вистинската катастрофална слика на најуништениот град во Македонија и регионот.  Не ја памтам ваква да била Битола никогаш ние не можиме 80 тите да ги стигниме, па камоли напред да одиме. И на сето уништување капак -депонија за 18 општини во Пелагонија сакат да не напрат контејнер. Ова е една шанса  мој последен обид да ја спасам Битола.  Ако ме изгласате се ќе дадам за БИТОЛА И ЌЕ СЕ БОРАМ ДОКРАЈ ако не се повлеквам од борбата за Битола и ќе се посветам на семејството.  Моја последна борба за Битола - ваша последна шанса да ја спасите Битола. Ако гласате масовно да има што повеќе советници од листата "ЗА БИТОЛА" тогаш шансите се големи да ја спасиме Битола,  ако не готово е крај", пишува Лазаровски и на крај вели  програмата ќе биде реална, без фантазите и лагите на партите кои не лажат 35 години,  ќе ја објавам подоцна. 

 Лазаровски и претходно настапуваше како независен канадидат за градоначалник со советничка листа. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани