2win800x200

Почна реконструкцијата на јужната трибина на стадионот "Петар Милошевски" во Битола

Јуни 20, 2025

ОПШТИНА БИТОЛА ЗАПОЧНА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА САНАЦИЈА НА ЈУЖНАТА ТРИБИНА НА ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“

 1000002303
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од одделението за комунални дејности во општина Битола, денес извршија увид на работните активности за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Со овој проект, во износ од 46.031.312 денари опфатена е санација на постоечките скалници – седишта, премачкување, обработка, поставување на седишта, за што ќе бидат набавени 4852 парчиња, вклучувајќи ги и резервните и ќе се изврши заштита на сите челични елементи, вклучувајќи ја и настрешницата.
 1000002302
Проектот за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ е проект за кој Општина Битола, доби финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку првиот повик за инвестициии во инфраструктура.
 
Паралелно, Општина Битола во соработка со ФФМ работат на исполнување на условите на УЕФА, за одигрување на меѓународниот натпревар на 9 септември за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани