
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Книжевниот клуб „Утопија“ во Битола и вечерва беше центар на нова инспиративна средба на вљубениците во убавиот пишан збор и книжевните дискусии посветени на јужнокорејската писателка Хан Канг, добитничка на Нобеловата награда за литература.
Дискусијата беше поттикната за романот „Вегетаријанка“, награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме.
Говорници на вечерта беа проф. д-р Билјана Граматковски, од Педагошкиот факултет во Битола и д-р Марина Кузмановска, доктор на педагошка и образовна психологија, лиценциран психолог и Гешталт советник, со долгогодишно искуство.
На книжевната вечер силен впечаток врз присутните оставија излагањата на Граматковски и Кузмановска испреплетувајќи го сопственото искуство со приказната за младата жена Јонг-хе , алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза.
Анализа на приказна за која се верува дека дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ „Вегетаријанка“.
А.Б