2win800x200

Комплетно се опремува детската градинка во поранешниот Дом за доенчиња во Битола

Јуни 24, 2025
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година.
Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел и опрема – креветчиња, плакари, масички, столчиња, кујнска опрема, ситен инвентар и постелнина.
Новата градинка ќе функционира како клон на ЈОУДГ „Мајски цвет“ и ќе згрижува 80 деца, распоредени во четири групи: една јаслена, една хетерогена група за деца од 2 до 4 години, една занимална за деца од 4 до 5 години и една за деца од 5 до 6 години.
Во текот на летниот период, објектот ќе биде дополнително опремен со дидактички материјали, како и детски реквизити за дворот.
Со отворањето на оваа градинка, Општина Битола и Министерството за социјална политика продолжуваат со заеднички инвестиции во проширување на капацитетите на предучилишните установи, со цел намалување на листите на чекање и овозможување услови за непречено извршување на работните обврски на родителите.
Можно е да е слика од лавабо и на затворено
Можно е да е слика од маса и на затворено
Можно е да е слика од лизгачка врата и на затворено
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани