2win800x200

СДСМ ќе прави посебна коалиција за секоја општина за локалните избори, вели потпретседателот Илиевски

Јуни 27, 2025

Потпретседателот на СДСМ, битолчанецот Методија Илиевски вели дека опозициската партија за претстојните локални избори за кандидати за градоначалници ќе поддржат предлози и од други партии, и од независни листи и граѓански организации. Илиевски во емисија на телевизија 24, всушност предочува дека СДСМ нема да има свои кнадидати  за градоначалници во секоја општина. - Донесовме заклучоци во раководството дека за секоја општина ќе градиме посебна стратегија. Тоа не значи дека ќе се пазариме, едноставно ќе го слушаме пулсот на народот. Очигледно голем број од градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ не беа на висина на задачата и очигледно во голем дел од општините се јавуваат опозициски движења, партии,  отвораме простор да градиме посебна коалиција за секоја општина, рече Илиевски. На новинарско прашање потврди дека би поддржале кандидати и на ДУИ и на ВЛЕН.  - Би поддржале и независни кандидати за градоначалници, рече Илиевски и додаде  - за доброто на граѓаните. За Битола не кажа дали ќе имаат свој кандидат за градоначалник или ќе поддржат кандидат  од најавениот опозициски фронт. Неофицијално за Битола се зборува дека независен канадидат ќе биде Габриела Илиевска. Текст А. Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани