2win800x200

Казнета е жената што остави вреќи со градежен шут на јавна површина во Битола, потврдија од Комуналната инспекција на Општина Битола

Јуни 27, 2025

Жената што остави вреќи со градежен шут на ридот викан "Тепсија" во Битола е најдена и  казнета денеска од Комуналниот инспекторат на Општина Битола. Информацијата ни ја потврди Општина Битола, откако АПЛА вчера објави фотографии како жена со такси превоз растовара вреќи и ги остава на тревата покрај патот кој води кон населбата Бадем Балари во Битола. Казната изнесува 150 евра во денарска противвредност.  - Реагиравме по допрен глас, го најдовме сторителот и изрековме казна според Законот за јавна чистота, член 33 а. За сторен прекршок по член 14а став 1 алинеја 1 од ЗЈЧ, соопштија од Комуналната инспекција на Општина Битола. Жената повикала такси компанија и отпадот  го однела до ридот. Но, случани минувачи, совесни граѓани ја фотографираа како ги остава вреќите на локација која само пред два дена беше исчистена од диви депонии од страна на "Комуналец" Битола.  Минатата недела беше казнета жена што расфрлаше отпад пред контејнери зад Новиот Пазар во Битола. За првиот случај АПЛА објави видео. Текст А. Блажевска 1000002496

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани