
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола доби безбедни велосипедски патеки, коментар на Иницијативата "Битола на точак" Пола "Партизанска"и пола ул. "Генерал Васко Карагелевски" беа со распаднати тротоари направени во крајот на 70тите и само крпени, а точаците движеа на сам коловоз и често туркани од коли, џипови, камиони, автобуси. Решение подобро и побезбедно од ова е напредок. Сега имаме комплетно нови тротоари и безбедни вело патеки тргнати настрана од коловоз или реновиран еден тип и изграден комплетно нов тип на инфраструктура. Дали може уште подобро, секако дека може. За скоро дел од овие шофери во колони ќе сфатат дека побрзо ќе движат низ град во нова вело лента отколку да чекаат во колони. А замислете вело патеката да е подолга, објавија од Иницијтаивата "Битола на точак".