
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ќире Димов независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан од ТМРО најавува настап на претстојните локални избори во Битола. Покрај поддршката од ТМРО, најавено е дека Димов ќе добие и поддршка од неколку невладини здруженија.
Од ТМРО велат дека со неговото искуство и со квалитетната советничка листа која ќе ја понуди, Димов ќе биде сериозен и конкурентен избор на претстојните локални избори.
„Веруваме дека Кире Димов и неговиот тим ќе бидат вистинска понуда за Битолчани кои сакаат промени и развој,“ - изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански