2win800x200

Вечерва во Битола кампања "До вас за вас" - полицијата поблиску до граѓаните

Јули 05, 2025

Градоначалникот Тони Коњановски денес оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

 
Средбата се одржа во рамките на посетата на БЈБ во Битола за кампањата „До вас, за вас“, која ќе се реализира вечерва на плоштадот "Гоце Делчев" од 18:00 до 21:00 часот.
 
--Оваа кампања има за цел да ја доближи полицијата до граѓаните, преку интеракција, едукација и подигнување на свеста за јавната безбедност.
 
На средбата заеднички ги согледавме реалните безбедносни предизвици со кои се соочува нашиот град и разговаравме за конкретни чекори за нивно надминување.
 
Посебен акцент ставивме на потребата од поставување видео надзор за заштита на урбаната инфраструктура, зголемување на јавната безбедност и спречување на вандализмот.
 Продолжуваме со заеднички активности и координација, во интерес на сите граѓани на Битола. Безбедноста и редот остануваат наш врвен приоритет, објави Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани